Emre Aytekin
03 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
АНКАРА
Во јужноамериканската држава Чиле се почувствува земјотрес со интензитет од 6,8 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот центар за геолошки истражувања (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот се наоѓа на отворено море, 48 километри југозападно од селото Сан Педро сместено во пустината Атакама.
Земјотресот се случил на 96,8 километри длабочина под земјината кора во Пацификот. Засега нема информации за евентуални човечки жртви или причинетата материјална штета.