Emel Öz Gözellik
07 Октомври 2018•Ажурирај: 08 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди Хаити кој се наоѓа во Карибите, при што животот го загубија најмалку 10 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), властите соопштија дека најмалку 10 лица загинаа, додека голем број се повредени во земјотресот што се случи во северниот дел на Хаити.
Се вели дека се оштетени голем број згради во подрачјата на Порт де Паикс, Грос Морне, Чансолме, како и на островот Туртл.
Според Институтот за геолошки истражувања на САД (USGS), епицентарот на земјотресот бил 19 километри северозападно од градот Порт де Паикс, на длабочина од 11,7 километри.
Инаку, најмалку 300 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,1 степен кој го погоди Хаити во јануари 2010 година.