Bilal Güler
17 Мај 2021•Ажурирај: 17 Мај 2021
ТЕХЕРАН (АА) - Два силни земјотреси со интензитет од 5,5 и 5,4 степени ја потресоа иранската покраина Хорасан, сместена во североисточниот дел на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Центарот за сеизмологија на Универзитетот „Техеран“ се вели дека двата земјотреси се случиле во 3:34 и 5:24 часот по локално време, а дека епицентарот на земјотресите е местото Џаџарм.
Според првичните проценки, нема човечки жртви предизвикани од земјотресите, а во соопштението се додава дека се забележани оштетувања на некои куќи.
По земјотресите кои се регистрирани на длабочина од 16 и 10 километри, испратени се спасувачки и медицински екипи.
Во тек се акциите на терен.