Tolga Yanık
30 Јули 2019•Ажурирај: 31 Јули 2019
ИСТАНБУЛ
И покрај санкциите на САД, приходите на „Хуавеи“ се зголемија на 32,2 милијарди американски долари во вториот квартал од годината, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од „Хуавеи“, компанијата во вториот квартал од годината (април-мај-јуни) ги зголемила приходите на 32,2 милијарди американски долари или за 23,2 отсто во однос на првиот квартал од годината.
Кинескиот производител на технологија, „Хуавеи“, и покрај тоа што е потиснат од американската администрација и американските технолошки гиганти за време на трговската војна меѓу САД и Кина, во првата половина од годината ја зголеми продажбата за 24 проценти и продаде 118 милиони паметни телефони.
Зголемувањето на нето-добивката на компанијата во првото полугодие изнесува 8,7 отсто.
Лианг Хуа, претседател на Управниот одбор на „Хуавеи“, истакнувајќи дека приходите на компанијата во мај се зголемени интензивно, рече дека тоа зголемување значи дека во идниот период нема да имаат тешкотии, но сепак ќе продолжат и понатаму со инвестициите.
Поради својата корпоративна структура, „Хуавеи“ ги споделуваше бројките за нејзината финансиска состојба со јавноста со помалку детали во споредба со другите конкуренти. Најновиот извештај, кој вклучува финансиски податоци на компанијата, содржи повеќе детали од претходните извештаи.