Yusuf Özcan
25 Ноември 2017•Ажурирај: 26 Ноември 2017
ПАРИЗ (АА) - Светлата на Ајфеловата Кула, која е симбол на францускиот главен град Париз, беа изгаснати во чест на жртвите на терористичкиот напад врз џамијата Равда во градот Ариш која се наоѓа во египетксата област Северен Синај, јавува Anadolu Agency (AA).
На барање на градоначалничката на Париз, Ан Хидалго на полноќ беа изгаснати светлата на кулата кадешто потоа владееше темнина.
„Тероризмот уште еднаш го погоди Египет. Упатувам сочуство до семејствата на загинатите, и поддршка до повредените", напиша Хидалго на социјалните мрежи.
Светлата на кулата и претходно беа изгаснати во чест на загинатите во терористичктие напади во повеќе земји.
Според соопштеното, во вчерашниот бомбашки и оружен напад врз џамијата Равда во градот Ариш извршен за време на петочната молитва смртно страдаа 235 лица, а 109 лица се повредени. Во земјата беше прогласена тридневна национална жалост поради овој напад.