Enes Canlı
01 Ноември 2023•Ажурирај: 02 Ноември 2023
РАМАЛА (АА) - Израелската војска го изврши второто бомбардирање во изминатите 24 часа на бегалскиот камп Џабалија, кој се наоѓа во северниот дел на Појасот Газа, во кое има десетици загинати и повредени, пренесува Анадолу.
Според веста на палестинската државна новинска агенција ВАФА, израелската војска од воздух ја бомбардирала населбата Фелуџа, во бегалскиот камп Џабалија, каде што живеат голем број луѓе.
Се истакнува дека како резултат на нападот се урнати згради, и има загинати и повредени.
Во снимките објавени на телевизиските канали се забележува целосно уништување на голем број повеќекатни згради во Џабалија.
Израелската војска, исто така, и вчера изврши напади врз бегалскиот камп Џабалија.
Министерството за здравство во Газа соопшти дека во вчерашниот напад на израелските сили загинале најмалку 100 лица.
Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари потврди дека тие го извршиле нападот.