Mustafa Deveci
02 Ноември 2018•Ажурирај: 02 Ноември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските полицајци се судрија со демонстрантите собрани во градот Бнеј Брак, во близина на Тел Авив, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрации, на кои се собраа ултраортодоксни Евреи, одржани се во знак на протест против приведувањето на момче кое одбило да служи во израелската Војска.
Насобраните лица, во еден момент, седејќи на патот, го блокираа сообраќајот на еден од главните патишта во тоа подрачје.
Демонстрантите во текот на протестот извикуваа слогани против служењето на воениот рок, а полицијата интервенираше и се обиде сосила да ги растера насобраните кои седеа на главниот пат.
Демонстрантите се обидоа да ѝ се спротивстават на полицијата, која некои од нив ги влечеше по патот.
Откако на патот се собраа уште повеќе луѓе, полицијата испрати и коњичка единица, која во еден момент тргна кон масата луѓе, по што постоеше опасност дел од демонстрантите да бидат сериозно повредени.
Наводно, по интервенцијата на полицијата имало повеќе повредени.
Полицијата соопшти дека се приведени 13 демонстранти поради тоа што го загрозиле општествениот поредок и ги блокирале патиштата.