Ahmed Asmar
10 Октомври 2024•Ажурирај: 11 Октомври 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската армија рано утрово изврши серија воздушни напади врз производствен погон и воен објект во Сирија, предизвикувајќи материјална штета, пренесува Анадолу.
Државната новинска агенција САНА објави дека израелските напади биле насочени кон фабрика за склопување автомобили во западниот град Хасија во руралното подрачје на Хомс и воена локација во руралното подрачје на Хама во Централна Сирија.
Цитиран е воен извор кои вели дека нападите на израелските борбени авиони биле спроведувани од правец на Северен Либан.
Неколку цивили, вклучително жени и деца, се убиени и неколку се повредени во израелските напади врз населбата Мазех во Дамаск.
Регионалните тензии ескалираа поради бруталната офанзива на Израел врз Појасот Газа, во која се убиени над 42.000 лица, повеќето жени и деца, по нападот на Хамас минатата година.
Конфликтот се прошири и во Либан, а Израел започна со смртоносни напади низ целата земја, во кои од 23 септември се убиени повеќе од 1.323 луѓе, а повредени над 3.700.
И покрај меѓународните предупредувања дека регионот на Блискиот Исток е на раб на регионална војна поради немилосрдните напади на Израел врз Газа и Либан, Тел Авив го прошири конфликтот со започнување копнена инвазија на 1 октомври врз Јужен Либан.