Mustafa Deveci
17 Октомври 2024•Ажурирај: 17 Октомври 2024
АНКАРА (АА) - Израелската Армија објави дека ја истражува можноста шефот на политичкото биро на Хамас, Јахја Синвар, да е убиен во напад врз Појасот Газа, известува Анадолу.
Во писменото соопштение на Армијата се наведува дека во нападот во Газа се убиени тројца Палестинци.
Израелската Армија и Внатрешната разузнавачка агенција Шин-Бет (Шабак) ја истражуваат можноста Синвар да е еден од тројцата Палестинци убиени во нападот, но идентитетот сѐ уште не е потврден.
Се наведува дека во зградата врз која бил извршен нападот нема траги од заложниците Израелци.
Од друга страна, Хамас сѐ уште не излегол со соопштение во врска со проценката што ја даде израелската Армија.