Ekipa
27 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска соопшти дека убила четворица милитанти поврзани со терористичката организација ДЕАШ, откако тие отвориле оган врз воената патрола на окупираната Голанска висорамнина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Потполковникот Питер Лемер изјави дека рано утринава израелска патрола била под минофрлачки оган, откако возвратиле на огнот кон Сирија пред да биде погодено возилото од воздух, загинаа четири лица за кои се верува дека биле припадници на група поврзана со ДЕАШ, која го контролира тоа подрачје.
Во тој инцидент немаше повредени изралески војници.
Во последните неколку години на тоа подрачје се случуваат спорадични размени на оган кои Израел ги отфрлаат како „тактички грешки” на режимот на Асад. Ова е веројатно прв случај на намерен напад од заседа на израелските војници.
Голанската висорамнима со југозападниот дел припаѓа на Сирија, додека североисточниот дел е под контрола на Израел. За време на шестдневната војна, во 1967 година северниот дел потпадна под израелска окупација, но Сирија повторно го зазеде во 1973 година, во арапско-израелската војна.
Израел во 1981 година анектираше одредени делови на претходно окупираната Голанска висорамнина. Притоа е воспоставена тампон зона во надлежност на набљудувачката мисија УНДОФ, на границата измеѓу Сирија и Израел.