Ikrame Imane Kouachi
19 Август 2026•Ажурирано: 19 Август 2026
Во израелски воздушен напад во текот на ноќта е уништен дом во населбата Ал-Деир во Набатие Фаука, во јужен Либан, и покрај прекинот на огнот што е во сила, објави денес либанската Национална новинска агенција (ННА), пренесува Анадолу.
Израелските воени авиони погодиле дом што му припаѓа на семејството Хаџ Али во градот, при што објектот бил уништен, според ННА.
Не се наведени информации за тоа дали има жртви.
Израел на 2 март започна со извршување на интензивни воздушни напади врз Либан, имајќи ги како цел и окупирајќи неколку области во јужниот дел на земјата.
Според либанското Министерство за здравство, од 2 март досега во израелските напади загинале 4.346 лица, а 12.301 се повредени.
Прекинот на огнот меѓу Либан и Израел стапи во сила на 17 април и потоа неколкупати беше продолжуван.
Меѓутоа, израелската Армија продолжи со нападите врз јужен Либан и покрај прекинот на огнот.