Ahmed Asmar
21 Ноември 2024•Ажурирај: 21 Ноември 2024
АНКАРА (АА) - Министрите на израелската Влада и лидерите на опозицијата денес ги отфрлија налозите за приведување издадени од Меѓународниот суд на правдата (МКС) за премиерот Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа, јавува Анадолу.
Израел започна геноцидна војна врз Појасот Газа во октомври минатата година. Во овие израелски бомбардирања и гранатирања врз Газа досега се убиени повеќе од 44.000 луѓе, повеќето жени и деца, а повредени се над 104.000.
Втората година од геноцидот во Газа наиде на зголемена меѓународна осуда, а бројките и институциите ги означија нападите и блокирањето на испораката на помош како намерен обид за уништување на населението.
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар ги нарече налозите за апсење на МКС „мрачен момент“, тврдејќи дека судот со седиште во Хаг „ја загубил сета легитимност за своето постоење и активности“.
И покрај тековното крвопролевање во палестинската енклава, израелскиот министер тврдеше дека израелската Армија дејствува „според меѓународното право“.
Израелската министерка за транспорт Мири Регев ги нарече налозите за апсење на МКС „правен апсурд“.
„Израел нема да се извини што ги заштитува своите граѓани - ова не е злосторство“, рече Регев на нејзиниот профил на социјалната мрежа X.
Екстремно десничарскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир ја означи судската одлука како „антисемитска“, велејќи дека одговорот на судот ќе биде преку „примена на суверенитет врз сите територии на Јудеја и Самарија (Западниот Брег).
Опозицискиот лидер Јаир Лапид остро ги критикуваше налозите за апсење на МКС за Нетанјаху и Галант, тврдејќи дека Израел „се брани себеси“ од, како што ги нарече, „терористичките организации“.
Поранешниот министер на воениот кабинет Бени Ганц ги опиша налозите за апсење како „морално слепило“.
Во овој значаен потег, МКС денес објави дека издал налози за приведување на Нетанјаху и Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа. Судот издаде и налог за приведување на воениот командант на Хамас, Мохамед Деиф.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата смртоносна војна против Газа.