Gamze Türkoğlu Oğuz
25 Февруари 2019•Ажурирај: 26 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Имитаторот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој се претставува како Хауард Икс, е депортиран од Виетнам пред самитот на американскиот претседател Доналд Трамп со севернокорејскиот лидер, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Би-би-си“ (BBC) јавува дека Хауард Икс, со потекло од Хонг Конг, минатата недела со Расел Вајт, кој го имитира американскиот претседател Доналд Трамп, во Ханој одржале лажен самит. Двајцата имитатори потоа ги привела локалната полиција.
Имитаторот вели оти верува дека причина за депортацијата е тоа што севернокорејскиот лидер нема смисла за хумор.
Трамп и Ким прв пат се состанаа на самитот во Сингапур, одржан на 12 јуни 2018 година, кога е постигнат опсежен договор. Двајцата лидери ќе се состанат на самитот кој на 27 и 28 февруари ќе се одржи во Виетнам.