Ekipa
26 Јануари 2021•Ажурирај: 27 Јануари 2021
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Собирот на земјоделците, кои протестираа во главниот град на Индија, се претвори во насилен вторник, кога полицијата со пендреци интервенираше врз демонстрациите, испалувајќи солзавец, јавува Агенција Анадолија (АА).
На снимките од собирот, емитувани од приватниот телевизиски канал НДТВ, се гледаат судири на неколку места во Њу Делхи, на денот кога Индија го одбележува 72. по ред Ден на Републиката.
На снимките се гледа како демонстрантите ја гаѓаат полицијата со камења, додека безбедносните сили користат солзавец за да ги растераат земјоделците.
Претставник од полицискиот оддел во Њу Делхи, за Агенција Анадолија, под услов на анонимност, изјави дека ситуацијата се претворила во насилна бидејќи демонстрантите тргнале кон маршрута што не била претходно одобрена.
Во вестите на НДТВ се вели дека полицијата ги спречила тракторите да се движат кон историската Црвена тврдина во Њу Делхи, иако земјоделците успеаја да стигнат дотаму во голем број.
Земјоделците во Индија со месеци протестираат против неодамнешната легислатива за организирање демонстрации надвор од Њу Делхи. Ним им беше дозволено да организираат масовен собир со трактори во главниот град за да го одбележат Денот на Републиката.
Претходно утрово официјалниот настан со кој се одбележа Денот на Републиката заврши мирно.