Haydar Karaalp
25 Април 2021•Ажурирај: 26 Април 2021
БАГДАД
Министерството за внатрешни работи на Ирак соопшти дека бројот на загинатите во пожарот кој вчера изгувна во болницата во која се лекувале пациенти заразени со коронавирусот (Ковид-19) се искачи на 82, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пожарот е изгаснат благодарение и на десетиците цивили кои помагале во операцијата за гасење на пожарот.
Безживотните тела на загинатите и повредените лица се пренесени во околните болници.
Се тврди дека пожарот избувнал како резултат на експлодирање на кислородна боца.
Ирачкиот премиер, Мустафа ел Казими, преку писмено соопштение го осуди овој случај, нагласувајќи дека дал инструкции за истражување на причината за избивање на пожарот.
Министерството за здравство и животна средина на Ирак сè уште не даде изјава во врска со случајот, а на социјалните мрежи се изразуваат реакции за разрешување на министерот за здравство на оваа земја, Хасан Темими.