Ekipa
05 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
БАГДАД (АА) - Најмалку пет лица загинаа денес во двоен самоубиствен бомбашки напад изведен во северниот ирачки град Киркук, соопштија медицински и безбедносни извори.
Бомбаш-самоубиец се разнел во близина на шиитското светилиште во централниот дел на Киркук, соопшти претставникот на ирачката полиција Захер ал-Џумаили за Anadolu Agency (АА).
Тој додаде дека друг бомбаш го активирал својот експлозивен елек во близина на местото на првата експлозија.
Според медицински извор, пет лица загинаа, а 14 други се повредени во нападите.
Сѐ уште никој не презеде одговорност за нападите.
Во средината на октомври, ирачките сили ја презедоа контролата врз Киркук, од курдските сили Пешмерги, еден месец откако курдските регионални власти одржаа нелегитимен референдум за независнот на Регионалната курдска управа во северен Ирак.