Ekipa
07 Декември 2021•Ажурирај: 08 Декември 2021
БАГДАД (АА) - Најмалку седум цивили загинаа во експлозија на автомобил-бомба во јужната ирачка покраина Басра, јавува Агенција Анадолија (АА).
Експлозијата се случила во близина на болница во центарот на градот, изјавија безбедносни извори кои сакаа да останат анонимни.
Досега ниту една група не презеде одговорност за нападот.
Покраината Басра богата со нафта е релативно мирна во споредба со северните и западните покраини на Ирак каде што сè уште се присутни притаени ќелии на ДЕАШ.