Afra Aksoy
23 Март 2017•Ажурирај: 23 Март 2017
БАГДАД (АА) - Во последните 24 часа, во западниот дел на ирачкиот град Мосул се изведени воздушни напади во кои „по грешка“ се убиени 43 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Капетанот Ахмед ел-Хазраџи, одговорен за екипите за брза интервенција, за АА изјави дека според информациите добиени од командата за заеднички операции, во последните 24 часа, во западниот дел на Мосул се изведени воздушни напади против терористичката организација ДЕАШ, при што се убиени 43 цивили, меѓу кои и деца, жени и стари лица.
Хазраџи истакна дека е можно нападот да бил изведен од страна на коалициските сили, кои во воздушните операции за ослободување на западниот дел на Мосул од ДЕАШ, по грешка нападнале цивили.
Капетанот додаде дека се планира во рамките на операциите за ослободување на западниот дел на Мосул од ДЕАШ, да се организира состанок за безбедност на кој ќе учествуваат командантите. На состанокот ќе стане збор за теми поврзани со борбата против терористичката организација и заштитата на цивилите.
Ирачките безбедносни сили на 17 октомври 2016 година ги започнаа операциите за ослободување на Мосул, кој од јуни 2014 година е под контрола на терористичката организација ДЕАШ.
Источниот брег на Мосул во потполност е ослободен кон крајот на јануари, од страна на ирачките сили, а на 19 февруари започнаа операциите за ослободување од ДЕАШ на западната страна од градот.