Ekipa
15 Јануари 2018•Ажурирај: 16 Јануари 2018
БАГДАД (АА) - Во ирачкиот главен град, Багдад, извршени се два самоубиствени напади во коишто загинаа 25 лица, додека 90 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Ахмед Халеф од полицијата во Багдад во изјава за АА истакна дека 25 лица го загубиле својот живот, додека 90 се повредени во двојниот самоубиствен напад во Багдад.
Халеф нагласи дека нападите се извршени на едно од најфреквентните места во Багдад, подрачјето на Тајаран, и во најфреквентниот период од денот.