Haydar Hadi
31 Август 2017•Ажурирај: 01 Септември 2017
БАГДАД (АА) - Ирачкиот премиер Хајдар Ал Ибади соопшти денес дека градот Тал Афар, претежно населен со Туркмени, е целосно ослободен од терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Победата е извојувана и Тал Афар е целосно спасен. Со поддршка на војската, федералната полиција, единицата за борба против тероризмот, Хашди Шаби и народот на Тал Афар на ова подрачје е истакнато ирачко знаме“, рече Ибади.
Тој истакна дека со ослободувањето на Тал Афар и Мосул во целост е ставен под контрола на безбедносните сили.
„На ДЕАШ му препорачуваме: Каде и да сте, доаѓаме да ја спасиме нашата земја. Имаш избор, или смрт или предавање“, рече Ибади.
Претежно населен со Туркмени, градот Тал Афар во средината на 2014 година го зазеде ДЕАШ, заедно со големи делови од северениот и западниот дел на Ирак.
Обединетите нации (ОН) проценуваат дека во Тал Афар и во околните подрачја сé уште живеат меѓу 10 и 40 илјади. Ирачките сили на 20 август започнаа акција за ослободување на овој град, која заврши по седум дена.