Muhammet Kurşun
21 Февруари 2020•Ажурирај: 21 Февруари 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Како последица на зараза со коронавирус, во Иран починаа 4 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кијануш Џиханпур од Министерството за здравство на Иран, соопшти дека со новиот тип на коронавирус во таа земја биле заразени уште 13 лица, од кои 7 во Кум, 4 во Техеран и 2 во Гилан.
Џиханпур појасни дека како последица на заразувањето починале уште 2 лица, со што бројот на починатите е зголемен на 4.
Претходно Министерството за здравство на Иран имаше соопштено дека во Кум починале 2 лица, кои биле заразени со коронавирусот.
Во светот со коронавирус се заразени повеќе од 76.700 лица. Како последица на зараза од овој вирус починаа 2.247 лица, од кои 2.238 во Кина.