Muhammet Kurşun
26 Февруари 2020•Ажурирај: 26 Февруари 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) починаа уште 4 лица, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 19 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кијануш Џиханпур од Министерството за здравство на Иран соопшти дека како резултат на Ковид-19 во Иран починале уште четири лица, додека од вчера досега биле откриени 44 нови случаи.
Џиханпур информираше дека вкупната бројка на лица починати од коронавирусот во Иран се искачи на 19 лица, а вкупната бројка на случаи се искачи на 139.
Исто така, Џиханпур нагласи дека најголеми загуби се забележани во покраините Ком и Гилан.