Bilal Güler
16 Април 2021•Ажурирај: 17 Април 2021
АНКАРА (АА) - Претседателот на Собранието на Иран, Мухамед Бакир Калибаф, соопшти дека Иран извршил успешно збогатување на ураниумот на 60 отсто, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Калибаф, информациите за збогатување на ураниумот, кој создава тензии меѓу Иран и светските сили, ги сподели на својот профил на Твитер.
Тој истакна дека иранските научници успешно го збогатиле ураниумот до чистота од 60 отсто, додавајќи дека волјата на иранскиот народ ќе анулира секаков вид на завера.
Претседателот на Иранската агенција за атомска енергија, Али Екбер Салехи, ја потврди оваа информација и изјави дека деталите ќе бидат соопштени подоцна.
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, на 13 април го информира Рафаел Гроси, генералниот директор на Меѓународната организација за нуклеарна енергија (IAEA), дека Иран ќе започне со збогатување на ураниумот на 60 отсто.
Велика Британија, Франција и Германија го повикаа Иран да не го компликува додатно дипломатскиот процес.