Maımaıtımıng Yılıxıatı
05 Јули 2018•Ажурирај: 05 Јули 2018
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот претседател Хасан Рохани вчера изјави дека Иран ќе остане во нуклеарниот договор со западот од 2015 година без САД, доколку другите потписници на договорот гарантираат интерес за Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на заедничката прес-конференција во Виена, Рохани го опиша состанокот со австрискиот колега Александар Ван дер Белен како позитивен.
„Иран ќе го заштити нуклеарниот договор доколку има корист од тоа“, изјави Рохани.
Рохани додаде дека доколку потписниците, освен САД, можат да ги гарантираат интересите на Иран, Иран ќе остане во договорот.
Исто така Рохани го опиша неодамнешното повлекување на Вашигтон од договорот како кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и нејзините мултилатерални обврски.
„Одлуката на САД на никој не му е од корист“, потврди иранскиот претседател.
Ван дер Белен, од своја страна, нагласи продолжување на посветеноста на неговата земја кон договорот со историско значење.
„Позицијата на Австрија нема да се промени сè додека Иран ги исполнува своите одговорности“, изјави тој.
Во мај американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од договорот за нуклеарно вооружување, кој во 2015 година е потпишан меѓу Иран и групата P5 + 1 (пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија).
Со договорот од 2015 година се ставени ограничувања на нуклеарниот договор на Иран во замена за милијарда долари за олеснување на санкциите.
За време на изборната кампања во 2016 година, Трамп го критикуваше овој договор, опишувајќи го како „најлош договор“ кој некогаш го видел.
Истото мислење не го делат и другите членови на P5 + 1, кои наведуваат дека договорот во својата сегашна форма е најдобар начин за управување со иранската нуклеарна програма.