Mustafa Melih Ahıshalı
20 Ноември 2018•Ажурирај: 21 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Иран, Џевад Зариф, истакна дека во случај да не се исполнат економските потреби на Иран во рамки на Договорот за нуклеарната програма, тие би можеле да се повлечат од овој договор, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Земјите членки на Европската Унија (ЕУ) и другите земји кои останаа во Договорот за нуклеарната програма знаат дека во случај да не се исполнат економските потреби, Иран нема да остане во Договорот“, рече Зариф во изјава за новинската агенција на иранскиот Парламент (ICANA).
Зариф нагласи дека земјите членки на ЕУ имаат тешкотии во наоѓање земја која ќе биде домаќин на „Special Purpose Vehicle-SPV“, развиен како еден механизам за трансфер на финансиски средства кој нема да биде вклучен во санкциите на САД. „Европските земји имаат тешкотии во наоѓање земја која ќе биде домаќин на SPV“, додаде тој.
Зариф истакна дека ниту една земја која била предложена да биде домаќин, не го прифатила тоа, и дека имаат алтернативни начини кои ќе ги заштитат националните интереси.