Muhammet Kurşun
31 Јануари 2021•Ажурирај: 01 Февруари 2021
ТЕХЕРАН
Министерот за здравство на Иран, Саид Немеки, истакна дека се загрижени од четвртиот бран на пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), упатувајќи апел до граѓаните да ги почитуваат здравствените правила, јавува Агенција Анадолија (АА).
Немеки учествуваше на состанокот за борба против коронавирусот во градот Кирман, каде упати предупредување до граѓаните во врска со новиот бран на пандемијата на Ковид-19.
„Загрижени сме од четвртиот бран на Ковид-19 во земјата. Кај новиот бран, ефектот на вирусот како и неговата брзина на ширење ќе биде поголема. Сите земји во светот се загрижени од мутацијата на вирусот“, рече Немеки.
Тој нагласи дека во случај да не се почитуваат здравствените протоколи во процесот на нормализација, ќе се соочат со нов бран на пандемијата.
Според него, во ваква состојба ќе бидат принудени да направат нови чекори.