Mustafa Melih Ahıshalı
08 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
ТЕХЕРАН
Министерот за одбрана на Иран, Емир Хатеми, порача дека наредните потези на Иран зависат од ставот кој ќе го заземат Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Иранската новинска агенција „Тасним“ јавува дека во Техеран е одржан состанок на Кабинетот на иранската Влада, а дека на новинарите потоа им се обратил министерот за одбрана, Хамети, кој ги коментираше синоќешните ирански напади врз американските воени бази во Ирак.
„Синоќешните напади со десетици балистички ракети се показател дека иранската војска има цврста волја за одмазда“, порача Хатеми.
На прашањето на новинарите дали тоа е последен одговор кон САД, Хатеми изјави дека наредните потези на Иран зависат од ставот и потезите на САД.
Иранската револуционерна гарда соопшти дека ги ракетирала американските воени бази во Ирак и дека во случај на одговор од САД ќе следуваат уште посилни удари.
Според соопштението на Иранската револуционерна гарда, американската воздухопловна база „Ајн ал Асад“ е нападната со повеќе десетици проектили.
Сулејмани, кој беше шеф на елитната единица „Кудс“ на Револуционерната гарда на Ирак, е убиен во нападот што американските сили со дрон го извршија во близина на аеродромот во Багдад. Со него, исто така се убиени и Ебу Мехди ал Мухандис, постар командант на ирачките Народни единици за мобилизација, и осум други лица.
Повикувајќи се на извори од Револуционерната гарда, Иранската државна телевизија јавува дека ракетите погодиле клучни точки во базата и дека животот го загубиле најмалку 80 американски војници.