Muhammet Kurşun
03 Февруари 2022•Ажурирај: 07 Февруари 2022
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот претседател Ибрахим Реиси во телефонскиот разговор со неговиот колега од Казахстан, Касим Џомерт Токаев, истакна дека „странските интервенции го дестабилизираат регионот“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Претседателството на Иран, Реиси и Токаев во синоќешниот телефонски разговор се осврнале на билатералните односи, случувањата во регионот и настаните во Казахстан.
Реиси, наведувајќи дека безбедноста на Казахстан им е важна, рече дека ја поддржуваат стабилноста и мирот во регионот.
„Секоја странска интервенција го дестабилизира регионот“, нагласи Реиси.
Нагласувајќи дека во 30-годишните дипломатски односи со Иран го постигнале посакуваното ниво, Токаев рече дека е значајно да се зголеми соработката на економски и комерцијален план.