Mustafa Melih Ahıshalı,Elahe Salari
12 Јуни 2016•Ажурирај: 13 Јуни 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот суд изрече казна од 444 удари со камшик за Мухамед Реза Фетхи за објавување „несоодветни” содржини и пораки на интернет блог, пренесува Anadolu Agency (АА).
Иранскиот портал "atreyas.ir" извести дека Кривичниот суд изрекол остра казна камшикување за познатиот критичар Фетхи против кого е покрената судска постапка врз основа на жалби од неколкуте градските власти кои беа цел на критиките на Фетхи.
Осудениот Фетхи не се согласува со пресудата на судот кој го обвини дека со „лаги лошо влијаел на јавното мислење”. Тој поднесе жалба на пресудата и пред второстепениот суд ќе се обиде да докаже дека пишувал во согласност со слободата на изразување и дека со тоа не предизвикал никаква јавна штета.