Haydar Hadi
17 Ноември 2017•Ажурирај: 18 Ноември 2017
БАГДАД (AA) - Ирачките сили влегоа во Рава, подрачјето на западот на земјата, кое воедно е и последната територија под контрола на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава АА од безбедносни извори, ирачките сили рано утрово од три страни ја нападнаа и влегоа во Рава, регионот кој од 2014 година е под контрола на ДЕАШ.
Ирачките сили и локалните племиња во акцијата имаат и поддршка на коалициските авиони од воздух.
Терористичката организација ДЕАШ контролата над подрачјето Рава ја презеде во 2014. година а позната е како последна тврдина на оваа терористичка организација.