Ahmed Gouda
29 Ноември 2023•Ажурирај: 30 Ноември 2023
ГАЗА (АА) - Палестинската група Исламски џихад доцна синоќа издаде соопштение во кое го потврди ослободувањето на израелските жени и деца држени во Појасот Газа, пренесува Анадолу.
Заменик-генералниот секретар на Движењето Исламски џихад, Мухамед ал-Хинди, потврди дека вооруженото крило на групата, Бригадите Ал-Кудс, ги предале заложниците-цивили.
„Можеме да ја прифатиме равенката сè-за-сите во врска со затворениците. Ако Израел е подготвен да ги ослободи сите наши затвореници, тогаш ние сме подготвени“, рече Ал-Хинди во интервју за медиумската мрежа Ал Џезира.
„Изборите на непријателот се тешки во однос на заложниците бидејќи не успеа воено да ги врати. Тонот на израелската подготовка за војна е да влијае на текот на преговорите“, рече тој.
„Отпорот и непоколебливоста на нашиот народ е она што ќе ја реши судбината на битката“, рече тој, посочувајќи дека „Израел може да биде принуден да ја прекине агресијата во светло на зголемените загуби“.
Катар во вчера објави договор за продолжување на почетната четиридневна хуманитарна пауза во борбите меѓу Израел и Хамас за дополнителни два дена, според кој ќе се врши понатамошна размена на затвореници.
Израел започна голема воена кампања во Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Оттогаш во израелските напади загинаа 15.000 луѓе, од кои 6.150 деца и 4.000 жени, според здравствените власти во енклавата.
Бројот на загинати во Израел, според официјалните податоци, изнесува 1.200.