Fırat Taşdemir
09 Ноември 2025•Ажурирај: 10 Ноември 2025
АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) - Над 200 институции од Турција и од 48 други земји ќе се приклучат на Меѓународниот самит за хуманитарна помош за Газа, организиран од турскиот Дијанет (TDV), за да се истакне хуманитарната криза во Газа и да се поттикне глобалната солидарност, јавува Анадолу.
Самитот ќе се одржи во Истанбул на 11 и 12 ноември, на тема „Иднината на Газа“.
На самитот се очекува да присуствуваат повеќе од 400 учесници, меѓу кои претставници на организациите на граѓанското општество, бранители на човекови права, академски професори и претставници на медиумите.
Фокусот на самитот ќе биде двегодишната хуманитарна криза во Газа и нејзино санирање преку решавање на итните потреби на милиони луѓе погодени од урнисаната инфраструктура, здравство, образование и домување. Исто така, ќе се промовира одржливата помош и закрепнувањето по прекинот на огнот.
Дводневниот самит ќе се состои од пет работилници на кои ќе се дискутираат сите теми поврзани со сеопфатна и систематска хуманитарна помош за Газа.
На крајот од самитот ќе биде објавена завршна декларација.