Burak Dağ
12 Февруари 2020•Ажурирај: 13 Февруари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Билансот на починати од коронавирусот во Кина порасна на 1.114 лица, соопшти кинеската Национална здравствена комисија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Надлежните соопштија дека регистрирани се 44.653 потврдени случаи на вирусот, додека во текот на последните 24 часа починале 97 лица, а детектирани се над 2.000 нови случаи.
Бројот на лица под медицински надзор изнесува 187.728, додека бројот на оние за кои постои сомнение дека се заразени изнесува 16.000.
Бројот на лица со коронавирус надвор од континентална Кина достигна 49 во специјалниот административен регион Хонгконг.
Се смета дека вирусот се пренел на луѓето од животни, особено од лилјаците.
Освен во Кина, вирусот се прошири во над 20 земји во светот, меѓу кои и САД, Велика Британија, Сингапур, Франција, Русија, Шпанија и Индија.
Многу земји ги евакуираа своите граѓани од градот Вухан - епицентарот на вирусот - и од други погодени области во Кина, сместувајќи ги во изолирани медицински услови.
Светската здравствена организација (WHO) ја прогласи појавата на коронавирусот за меѓународна здравствена опасност.