Tayfun Salcı
18 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
ЛОНДОН (АА) - Британскиот премиер Дејвид Камерон, изјави дека Велика Британија со излегувањето од Европската унија (ЕУ) би можела да го израдува само рускиот претседател Путин и водачот на ДАЕШ, Ебу Бекр ал-Багдади, јавува Anadolu Agency (AA).
Камерон на собирот, организиран од страна на Светскиот економски форум во Лондон, рече дека Путин би бил среќен доколку Велика Британија ја напушти Европската унија по Референдумот кој ќе се одржи на 23-ти јуни.
„Важно е да се запрашаме кој ќе биде среќен ако се одвоиме од ЕУ. Путин веројатно многу би бил среќен. Мислам дека и Ал-Багдади би можело да биде среќен. Сепак, пораката којашто ни ја испраќаат пријателите од сите делови на светот. Ни велат дека одлуката на крајот ќе ја донесеме ние. Нашите пријатели од Австралија, Нов Зеланд, Америка, Европа и од целиот свет ни говорат дека го поддржуваат нашето останување во ЕУ”, рече Камерон.
Истакна, исто така, и дека групите кои пропагираат излегување од ЕУ веќе сега зборуваат за одржување на втор референдум за излегувањето од оваа заедница.
„Наводите за можен втор референдум, иако сè уште ниту првиот не е одржан, говорат дека некои бегаат од расправа и разговори. Според мене, групите кои пропагираат излегување од ЕУ ја губат оваа битка”, рече Камерон.
На крајот предупреди дека е потребно добро да се размисли пред земјата да ги напушти организациите како ЕУ и НАТО.
„На континентот на кој има толку судири и проблеми, потребно е внимателно да се размисли пред да се отстапи од патот на НАТО и ЕУ каде што имате соработка со другите”, истакна британскиот премиер.