Ahmet Gürhan Kartal
18 Ноември 2019•Ажурирај: 19 Ноември 2019
ЛОНДОН (АА) - Протекоа неколку документи од Владата кои покажуваат дека британската Армија прикрила неколку воени злосторства направени за време на кампањите во Ирак и Авганистан, јавуваат локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Истрагата извршена од „Тајмс“ и „Би-би-си Панорама“ покажува дека доказите ги поврзуваат британските војници со убивање деца и измачување на цивили кое било прикриено од воените команданти.
„Воените детективи ги обелоденија вознемирувачките обвиненија дека високи команданти се обидувале да ги прикријат воените злосторства направени од британските трупи во Авганистан и Ирак“, објавува „Тајмс“ цитирајќи ја истрагата.
„Тајмс објавува дека биле откриени докази за убиства од војник на САС [Special Air Service] и смрт во притвор, тепање, тортура и понижувачко сексуално злоупотребување на притворените од страна на припадниците на „Black Watch“ (3-ти баталјон, Кралскиот полк на Шкотска).“
Воените детективи исто така открија дека „тврдењата за фалсификување документи се доволно сериозни за да покренат гонење на високи офицери“, се вели во извештајот.
„Истражителите изразија фрустрации поради игнорирањето на доказите од политички причини“, јавува британскиот дневен весник.
„Клучните одлуки беа донесени од наши раце“, рече еден истражител. „Имаше сè поголем притисок од Министерството за одбрана да ги затвори случаите што е можно побрзо“.
- Истрага -
„Тајмс“ ги образложи случаите под истрага и рече дека во злосторствата спаѓаат убиството на три деца и еден млад човек, застрелани во Авганистан во октомври 2012 година од војник на САС, додека пиеле чај во нивниот дом, распространетата злоупотреба на затворениците во летото 2003 година во кампот „Стивен“ во Басра, Ирак, и смртта на двајца притвореници.
Уште едно злосторство што го разгледуваат истражителите е фаталното пукање врз ирачки полицаец во август 2003 година, кое беше покриено врз основа на сведочењето на војникот. Војникот подоцна рече дека доказите биле фабрикувани без негово знаење.
- Британското Министерство за одбрана ги негира тврдењата -
Британското Министерство за одбрана (MoD) ги негираше тврдењата во извештајот, велејќи дека нивното наводно мешање во случаите било „невистинито“.
„Наводите дека Министерството за одбрана било вмешано во истрагите или одлуките за гонење во врска со однесувањето на британските сили во Ирак и Авганистан се невистинисти“, се вели од Министерството.
„Во текот на целиот процес, одлуките на обвинителите и истражителите беа независни од Министерството за одбрана и вклучуваа надворешен надзор и правен совет“, се вели во соопштението.
„Полициската служба „спроведе обемни истраги за тврдењата за однесувањето на британските сили и во Ирак и во Авганистан“, а независната Служба за гонење одлучи да не започнува судска постапка за ниту еден од наведените случаи“, се вели од Министерството.