Safiye Karabacak
07 Јули 2021•Ажурирај: 08 Јули 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Тековниот конфликт во Јемен расели најмалку 40.824 лица од јануари, објави Меѓународната организација за миграции (ИОМ), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во периодот помеѓу 1 јануари и 3 јули, околу 6.804 домаќинства со 40.824 лица, доживеале раселување барем еднаш, се вели во соопштението.
Нагласувајќи дека од 27 јуни до 3 јули, вкупно 81 домаќинство со 1.086 лица се раселени најмалку еднаш, се посочува дека најголемиот број раселувања се случиле во покраините Ал Дале, Мариб и Ал Худајда за време на наведениот период.
Јемен е место на длабока политичка и безбедносна криза, што кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна, кога бунтовниците предводени од шиитското движење на Хусите и од Конгресот предводен од претседателот Салех го зазедоа најголемиот јеменски град Сана, а потоа и другите региони.