Furkan Naci Top
18 Јули 2019•Ажурирај: 20 Јули 2019
АТИНА (АА) - Конзервативниот политичар Костас Тасулас е избран за претседател на Парламентот во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Парламентарните избори во Грција се одржани на 7 јули, а вчера официјално на должност стапи новиот состав на Парламентот на таа земја, кој брои вкупно 300 пратенички места.
Кандидатот на владејачката Нова демократија е избран со 283 гласови „за“.
Именувањето на Тасулас го поддржаа и опозициските пратеници, вклучувајќи ја и левичарската Сириза, па на функцијата е именуван со рекорден број на гласови.
Тасулас е 60-годишен правник. Пратеник е во грчкиот Парламент веќе речиси две децении, а претходно ја извршуваше и функцијата министер за култура.
Во обраќањето на парламентарците, Тасулас изјави дека активно и праведно ќе ја извршува функцијата.
Се очекува дека меѓу првите потези на Тасулас би можело да биде забраната за пушење во комплексот на грчкиот Парламент.