Ekipa
08 Јануари 2017•Ажурирај: 08 Јануари 2017
ЛОНДОН (АА) - Британската крализа Елизабета II утринава првпат по неколку недели присуствуваше на мисата во црквата којашто се наоѓа во близина на кралскиот имот Сандрингам во Норфолк, во источниот дел на Англија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тоа беше прво појавување на британската кралица во јавноста во последните неколку недели, а 90-годишната Елизабета II во црквата Св.Марија Магдалена беше пречекана со аплауз.
Кралицата Елизабета II редовно ја посетува црквата, но ја пропушти божиќната миса првпат во речиси 30 години поради, како соопшти Бакингемската палата, тешка настинка.
Таа исто така не присуствуваше ниту на новогодишната миса, бидејќи закрепнувала.
Кралицата Елизабета II, која стана монарх кој најдолго владеел со Британија, последните години воглавно беше во добра здравствена состојба, но значителнно ги намали патувањата и појавувањата во јавност откако влезе во десетатта деценија од својот живот.