Gülşen Topçu
21 Септември 2017•Ажурирај: 21 Септември 2017
САНА (АА) - Премиерот на Кувајт Џабер ал-Мубарак ал-Хамад ал-Сабах во обраќањето на Генералното собрание на ОН изјави дека таа земја е подготвена да биде посредник на домашните мировни преговори за воспоставување мир во Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).
Паралелно со тоа претседателот на Јемен, Абд Рабу Менсур Хади, се состана со специјалниот пратеник на ОН, Исмаил Вилд Шеик Ахмед и разговараше за обновување на мировниот процес во Јемен.
Јеменската новинска агенција САБА јавува дека Хади и Ахмед одржале состанок во рамките на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк, и дека изразиле подготвеност за неопходноста од воспоставување на траен мир.
Укажувајќи на хаосот и страдањето на луѓето кои се биланс на војната во Јемен, претседателот на таа земја Хади изјави дека неговата влада направила многу отстапувања поради запирање на војната, но дека другата страна која ја нарекува пучистичка, не одговорила адекватно.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза, која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна кога бунтовниците, предводени од шиитското движење на Хусите, го зазедоа главниот јеменски град Сана, а потоа и други региони.
Претседателот на Јемен, Хади, и неговата влада побегнаа во Саудиска Арабија. Јужниот град Аден во моментов е административен центар на меѓународно признатата јеменска влада. Судирите во Јемен дополнително ескалираа уште во март минатата година, кога Саудиска Арабија со своите арапски сојузници започна воздушни напади врз позициите на бунтовниците.
Двете рунди мировни преговори предводени од ОН не резултираа со решение за судирите во таа земја.