Vesna Besic
07 Октомври 2022•Ажурирај: 09 Октомври 2022
КУВАЈТ (АА) - Големата џамија во Кувајт е една од најголемите џамии во регионот на Персискиот Залив, известува Агенција Анадолија (АА).
Кувајтската Голема џамија носи траги од андалузиска и источна архитектура.
Џамијата, која се наоѓа во североисточниот дел на главниот град, спаѓа меѓу значајните дела во Кувајт во однос на богослужбата, научното образование и туризмот.

Комплексот се простира на површина од 45.000 квадратни метри, од кои само зградата на џамијата се простира на 20.000 квадратни метри. Џамијата има 144 прозорци и може да прими 11.000 верници. Во рамките на џамијата има и библиотека.
Изградбата на џамијата започнала во 1979, а објектот е завршен во 1986 година.
