Derya Gülnaz Özcan
17 Октомври 2024•Ажурирај: 20 Октомври 2024
АТИНА (АА) - Лекарите и здравствените работници во Грција денес стапија во 24-часовен штрајк барајќи подобрување на економските услови, зголемување на персоналот и подобрување на здравствениот систем, јавува Анадолу.
Одѕивајќи се на повикот на синдикатите на болничките работници, демонстрантите се собраа на штрајк во центарот на Атина.
Тие најпрвин се собраа на плоштадот Мавили, а потоа отидоа до зградата на Парламентот на плоштадот Синтагма, по што следуваше протестен марш до Министерството за здравство.
Некои од нив се качија на зградата на Министерството и закачија транспарент на кој пишува: „Бараме зголемување на платите, масовно вработување и постојано вработување на персоналот на договор“.
Тие својот протест го изразија и пред министерот за здравство, Адонис Георгиадис, кој во моментите го напушташе Министерството.