Mahmut Geldi
10 Септември 2020•Ажурирај: 11 Септември 2020
БЕЈРУТ
Во хангар во пристаништето Бејрут, Либан, од непознати причини дојде до голем пожар, јавува Агенција Анадолија (АА).
На терен се упатени голем број противпожарни единици за да го изгаснат пожарот.
Воедно, во пристаништето Бејрут трае потрагата по безживотните тела на луѓето кои настрадаа во експлозијата која се случи пред подолго од еден месец.
Силна експлозија на 4 август одекна во еден од магацините во Бејрут. Претседателот на земјата, Мичел Аоун, изјави дека причината за експлозијата се 2.750 тони амонијак нитрат кои биле во магацинот шест години.
Загинаа 191 лице, а повредени се повеќе од 6.000. Сѐ уште се трага по телата на неколку лица.
Потоа се организирани и демонстрации за да се казнат одговорните лица.
Премиерот на земјата, Хасан Диаб, на третиот ден од протестите, на 10 август, поднесе оставка.
Aоун на 31 август го задолжи Мустафа Адиб да формира нов кабинет на Владата.
Либан кој се соочува со една од најголемите економски кризи во својата историја, со експлозијата во пристаништето Бејрут дојде во уште потешка состојба.