Enes Canlı
20 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Либиската Армија ги сподели снимките од уништувањето на руските системи за противвоздушна одбрана на милицијата на Калифа Хафтар, испорачани од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
На снимките споделени од прес-центарот на операцијата „Вулкан на гневот“, што ја води либиската Влада на национално единство, се гледа како со вооружени беспилотни летала се уништува систем за противвоздушна одбрана во градот Терхуне.
Исто така се забележува како вооружените беспилотни летала напаѓаат еден објект во градот Терхуне, а по нападот се појавуваат експлозии.
На инсертите се гледа и како со вооружени беспилотни летала се уништува рускиот систем за противвоздушна одбрана „Панцир“, додека маневрира во регионот Вишке, на југот од Сирте.
Либиската Армија денес соопшти дека уништила 5 руски системи за противвоздушна одбрана на милицијата на Калифа Хафтар, испорачани од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).