Barış Seçkin
08 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
РИМ
Либискиот премиер Фаиз ес Серач, истакна дека операцијата „Ирини“ започната од страна на Европската унија (ЕУ) со цел испитување на ембаргото за оруже за Либија, е во корист на пучистот генерал Калифа Хафтар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Серач во неговата изјава насловена „Мисијата Ирини на ЕУ е предност само за Хафтар“ објавена во весникот „Corriere della Sera“, говореше за операцијата „Ирини“ започната на 29 април од страна на ЕУ под водство на Италија, како и за настаните во неговата земја.
Тој нагласи дека примарната цел на операцијата „Ирини“ е да се осигура почитувањето на ембаргото на Обединетите нации (ОН) против праќање на странска воена помош во Либија.
„Но на нашите непријатели оружјето и муницијата им пристигнува од копно и од воздух. Нашите пристаништа ќе бидат контролирани, нашите трупи ќе бидат ставени во неповолна положба, но Хафтар и милициските сили ќе бидат слободни за примаат секаква помош и секакво воено засилување“, рече тој.
„Пред се, сакам да истакнам дека го поддржуваме мирот. Пред предавничката воена офанзива на Хафтар која ја започна ненадејно на 4 април 2019 година, треба да потсетиме дека вложивме сериозен напор за демократизацијата на Либија и сме одлучни за одржување на слободни и фер избори. Но, бевме принудени да војуваме против еден напад. Нашата примарна цел беше заштита на народот против добро опремен, обучен окупатор кој ја поседува помошта на трети земји и на странски платени војници“, нагласи Серач.
Запрашан дали ќе ги продолжи преговорите со Хафтар како на конференцијата организирана од страна на Италија во Палермо во 2018 година, либискиот премиер рече: „Не, сега не сме во состојба да преговараме со Хафтар. Тој е одговорен за пуч. Не треба да седне на преговарачка маса“.
Тој потсети на говорот обвинителката од Меѓународниот кривичен суд, Фату Бенсуда, пред неколку дена во Советот за безбедност на ОН, каде таа го обвинува Хафтар со тешки воени злосторства и прекршување на Женевската конвенција.
„Неговиот напад беше неуспешен, но неговите напади покрај зголемување на илегалната миграција и бојкотот на демократијата предизвикаа смрт на илјадници либијци. Му нанесе штета на земјата и уништувањето на нашиот капацитет за борба против тероризмот“, рече тој.
- „Само Турците одговорија на нашиот повик“
Серач говореше и за поддршката на Русија, Египет и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за Хафтар, и додаде: „Целосно беше неуспешно. Нивните напори само ја продолжија војната и придонесоа во новите убиства. Во случај да продолжат надворешните интервенции, тоа ќе носи катастрофални последици кои ќе бидат кандидат за уништување на еквилибриумот не само на Либија, туку и на Европа и Африка“.
Во врска со прашањето околу воената помош на Турција испратена во Либија, тој истакна дека пред меморандумот псотигнат со Турција на 27 ноември 2019 година, за 9 месеци сами војувале против нападите на непријателот.
„Во тој период побаравме помош од секого, само тие одговорија на нашиот повик. Само Турција ни одговори испраќајќи експерти и техничари за поддржување на нашата воена програма, вклучувајќи ги и плановите за воена обука. Покрај тоа, со Турција потпишавме пакт кој определува взаемни привилегии во врска со нашите копнени води. Тоа целосно е наше право. Турските компании со години работат во Либија и ќе продолжат да работат“, рече либискиот премиер.
Серач се осврна и на односите со Италија опишувајќи ги како моќни и посебни.