Barış Seçkin
08 Мај 2017•Ажурирај: 09 Мај 2017
РИМ (АА) - Во водите на Медитеранот се преврте брод со 113 мигранти кои се обидувале да дојдат до европските земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува италијанската новинска агенција АНСА, повикувајќи се на изјавата на Флавио Ди Џакомо, претставник на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) во Либија, бродот со 113 мигранти се превртел.
Тој истакна дека веднаш интервенирала крајбрежната стража на Либија и рибарите кои се наоѓале во близина. Спасени се седум лица, меѓу кои и една жена.
Според изјавите на спасените мигранти, кои со брод на ИОМ се префрлени до Италија, на бродот се наоѓале 120 лица, меѓу кои 30 жени и девет деца.
Италијанските медиуми наведуваат дека синоќа, во доцните часови, уште еден брод со 120 лица тргнал од Либија и потонал. Се удавија 80 лица.
Според податоците на ИОМ објавени кон крајот на април, во првите четири месеци од оваа година во водите на Медитеранот се удавиле 1.089 мигранти.