Enes Canlı
28 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
АНКАРА
Лидерот на нелегитимните вооружени сили во источна Либија, Калифа Хафтар тврди дека политичкиот договор „Сухејрат“ кој во функција ја Владата за национално единство на Либија (УМХ) која е призната од Обединетите нации (ОН), го изгубил своето значење и затоа тој преминал на чело на државата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во видео-пораката што ја објави, Хафтар посочувајќи на народот на улуците во подрачјата што се под негова контрола кои почнаа да се собираат на неговиот повик, рече дека „по прашањето за преминувањето на челото за земјата, го искористил правото што му го дал народот“.
Тврдејќи дека повеќе е „неважечки“ политичкиот договор „Сухејрат“ потпишан под покровителство на Обединетите нации, Хафтар тврди дека вооружената група именувана како Либиска национална војска што е под негово лидерство, „ќе ја стави под контрола целата земја“.
Во Мароканскиот град Сухејрат 2015 година се одржа состанок на тема Либија, а постигнатите резултати и потпишаниот договор беше усвоен од Советот а безбедност на ОН. Според овој договор, Владата за национално единство на Либија (УМХ) доби превремено да раководи со земјата.
Хафтар и неговите политички сојузници со воени активности на теренот се обидуваат договорот да не стапи во сила. Како последно, во април 2019 година Хафтар даде наредба за напад на главниот град Триполи, вовлекувајќи ја земјата во вителот на војната. И порано лидерот на нелегитимните вооружени сили од источниот дел на Либија се обидувал да направи државен удар „за да ја преземе власта“.