Ekipa
12 Јули 2017•Ажурирај: 13 Јули 2017
ЛОНДОН (АА) - Речиси еден месец по стравотниот пожар што ја зафати зградата Гринфел тауер во Лондон, полицијата соопшти дека сè уште трае потрагата по посмртните остатоци на исчезнатите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лондонската полиција соопшти дека ќе бидат потребни месеци за да се идентификуваат сите жртви.
Од полицијата веруваат дека најмалку 80 лица загинале во пожарот што изби на 14 јуни. Досега официјално се идентификувани 32 жртви.
Алистер Хучинс, од единицата за идентификување на жртвите, изјави дека полицајците спроведуваат темелно пребарување по пожарот на разорената станбена зграда, користејќи лопати и сита за полесно пронаоѓање фрагменти од коските и забите.
Хучинс истакна дека го разбира незадоволството на семејствата на жртвите и оти службите даваат сè од себе за пребарувањето да се заврши, а жртвите да бидат идентификувани.