Faruk Zorlu
28 Јануари 2022•Ажурирај: 30 Јануари 2022
АНКАРА (АА) - Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека во случај на евентуален напад против нејзиниот сојузник Русија, Белорусија исто така ќе се вклучи во војната на страната на Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Обраќајќи се пред Парламентот, Лукашенко рече дека Белорусија ќе помогне во одбраната на својот близок сојузник Русија во рамките на сојузничките договори, доколку Русија биде директно нападната, според државната новинска агенција „Белта“.
Истакнувајќи ја посветеноста на Белорусија за став против војни, тој рече дека белорускиот народ е загрижен за тоа дали ќе има војна или не.
„Тоа ќе се случи, но само во два случаи“, рече претседателот. „Во случај на директен напад или силна војна иницирана против Белорусија. Вториот случај е доколку нашиот сојузник Русија биде директно нападната.“
„Западот е многу заинтересиран за прашањето дали руските војници ќе бидат распоредени во Белорусија или не“, рече тој, додавајќи дека руските војници ќе дојдат во Белорусија во случај на напад врз Белорусија.