Ekipa
13 Септември 2017•Ажурирај: 14 Септември 2017
МАТЕКУМБЕ КИС (AA) - Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе ги обнови Карипските Острови откако ураганот Ирма уништи најголем дел од островите Сен Мартин и Сен Вартоломеј, пренесува Anadolu Agency (AA).
За време на посетата на француските острови во Карибите, Макрон призна дека е лут поради лошиот одговор на Владата на катастрофата.
Тој вчера донесе храна, вода и лекови и рече дека службите за итна помош работат на евакуацијата на оние кои тоа го сакаат и дека ги обезбедуваат потребните услуги за оние кои одлучиле да останат.
Макрон додаде дека Франција ќе достави климатизирани шатори за децата да можат што поскоро да започнат со наставата, и истакна дека до понеделник следната недела ќе биде отворен центар, и дека ќе започне со приемот на барањата за финансиска помош.
Макрон се обврза за обнова на островот Сен Мартин, на начин што ќе претставува модел за издржување на бурите во иднина.