Meryem Göktaş
02 Декември 2018•Ажурирај: 02 Декември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека одговорните за насилствата во протестите во Париз ќе бидат казнети, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи за време на прес-конференцијата на Самитот на Г20 во Буенос Аирес, Емануел Макрон истакна дека оние кои се одговорни за напад врз полициски службеници и вандализацијата на споменикот во главниот град ќе бидат земени на одговорност за нивните дела.
„Она што се случи во Париз нема ништо заедничко со пацифистичко изразување на оправдан гнев“, рече Макрон.
Илјадници демонстранти, таканаречени „Жолти елеци“ се собраа во Париз во изминативе две недели за да протестираат против контроверзниот данок на гориво на Макрон.
За време на вчерашните протести, „Жолтите елеци“ на познатата авенија „Елисејски полиња“, фрлаа камења и шишиња кон полицијата и запалија јавен имот.
Францускиот ретседател рече дека нема да прифати насилство и дека е подготвен да преговара за легитимните барања на демонстрантите.